СП 2018: Бразилците бесни на судиите

Бразил и Швајцарија одиграа 1:1, резултат кој после поразот на Германците од Мексико беше втора сензација на вчерашниот натпреварувачки ден на Светското првенство.

Иако Швајцарците се шеста репрезентација на листата на ФИФА, никој не очекуваше дека тие синоќа ќе остварат позитивен резултат против првиот фаворит на првенството.

Бразил со прекрасен гол на Кутињо дојде до рано водство во 20 минута, меѓутоа Зубер со удар со глава после корнер во 50 минута доведе до израмнување на резултатот.

Така после Германија, Аргентина и Шпанија и четвртиот од петте главни фаворити за титулата загуби поени веќе во првото коло, додека Франција во тежок натпревар ја совлада Австралија.

„Бразил беше подобар и имаше повеќе шанси за гол, но ние не се откажавме во ниту еден момент. Вршевме добар притисок и излегувавме во напад, мислам дека ова е одлична позиција за останатите натпревари во групата“, вели селекторот на Швајцарија, Владимир Петковиќ.

Прашан за контроверзниот гол на неговата селекција, Петковиќ истакна дека одбраната на Бразил била лошо поставена и дека не постоел прекршок при постигнувањето на израмнувачкиот погодок.

Од друга страна, Бразилците беа огорчени на судењето.

Така стрелецот на прекрасниот погодок, Филипе Кутињо, изјави дека стартот на Миранда мораше да биде прекршок во напад.

„Да, беше прекршок. Но сега веќе не можеме ништо, мораме да ги добиеме следните два натпревари“, вели Кутињо.

Бесен на судењето беше и самиот Миранда. 

„Зошто имаме видео технологија? Не ме турна силно, но доволно за прекршок. Сега ми е жал зошто не паднав“, изјави Миранда.

Од друга страна пак, селекторот Тите изјави дека неговиот тим ќе мора да поработи на завршницата во следните два натпревари.

„Две третини од натпреварот бев задоволен, а потоа противникот даде гол. Пропуштивме премногу прилики и мораме да работиме на тоа. Лошата завршница не чинеше победа“, изјави Тите.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more
 

Спорт

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе