СП 2018: Дали историјата ни го открива победникот?

Кој ќе победи ова лето во Русија? Со анализа на статистиките од претходните турнири, го предвидуваме новиот шампион.

32 земји, еден победник. Но, како може да се предвиди кој тим ќе го крене пехарот на Светското првенство на 15 јули?

Со анализа на трендови, статистики и обрасци од претходните турнири, BBC Sport елиминираше 31 земја и го предвиде новиот светски шампион.

Во прилог прочитајте за тоа кои работи победниците на СП 2018 мора да ги направат:

Да бидат носители на група

Од кога Светското првенство се прошири на 32 екипи во 1998 година, сите шампиони досега беа носители на групи. Всушност, последен пат кога победниците не беа носители на групи се случи во 1986 година, кога Диего Марадона и неговата „божја рака“ ја доведоа Аргентина до трофеј. Со еден потег исклучивме 24 екипи и остануваат уште осум.

Да не бидат домаќини

Русија има предност поради традицијата долга 44 години, според која домаќините се воедно и носители на групата. Да не е домаќин Русија немаше да биде ниту меѓу првите осум, бидејќи моментално се наоѓа на 66 место во светот.

Сепак, организирањето на СП не значи и пат до успехот, како што тоа некогаш беше случај. Во првите 11 турнири, од 1930 до 1978 година, домаќините пет пати беа победници. Од тогаш, на последните девет турнири, домаќините славеа само еднаш - Франција во 1998 година.

Да играат цврсто

Од 1998 година, ниту една од петте екипи кои го освојуваа првенството не прими повеќе од четири голови на седум натпревари. Од тимовите кои ни останаа, Полска за време на квалификациите имаше најслаба одбрана – 1,4 примени погодоци по натпревар.

Германија и Португалија примија по 0.4, Белгија и Франција 0.6, Бразил 0.61, додека Аргентина прими 0.88 голови по натпревар.

Да бидат од Европа

Победниците на Светското првенство секогаш доаѓаа од Европа или Јужна Америка. На европските победници во еден период не им одеше најдобро, но со победите на Шпанија во Јужна Африка и на Германија во Бразил трендот е продолжен.

Да имаат најдобар голман

Логично е Светските првенства да се освојуваат благодарение на оние кои даваат голови, но од 1982 година во составот на победничкиот тим само два пати имаше и играч со освоена Златна копачка – Роналдо од Бразил во 2002 година и Давид Виља од Шпанија во 2010 година.

Од голманите во тимовите кои ни останаа, Мануел Ноер, Хуго Лорис и Тибо Куртоа се најголеми фаворити за освојување на Златната ракавица.

Да имаат искуство

Победничките екипи на Светското првенство со текот на времето стануваат се поискусни, а тоа е тренд кој започна во 1998 година.

Тогаш шампионската екипа на Франција во просек имаше 22.77 одиграни меѓународни натпревари по играч. Пред четири години Германија имаше 42.21 одиграни натпревари по играч во просек.

Кога ќе ја погледнеме статистиката на трите преостанати тимови можеме да забележиме дека просекот на Франција е паднат на 24,56, додека Германија е на 43.26, а Белгија на 45.13 натпревари по играч.

Да не ја бранат титулата

Светското првенство е тешко да се одбрани. Од кога Бразил во 1958 и 1962 година успеа да освои две последователни Светски првенства, на ниту еден тим тоа повеќе не му успеа.

Вусшност, од 13 шампиони кои ја бранеа титулата, само два тима го поминаа четвртфиналето – Аргентина во 1990 година и Бразил во 1998 година, иако Бразил во 1974 година заврши на четвртото место, кога имаше две групни фази, па финале.

Во последните четири турнири, оние кои ја бранеа титулата во три ситуации беа елиминирани уште во групните фази.

Германија има одлично педигре кога се Светските првенства во прашање. Во последните девет турнири – вклучувајќи и три настапи како Западна Германија – два пати освоија, уште три пати играа во финалето, а два пати завршија како трети.

Сепак, кога е во прашање победа во Русија, историјата не е на нивна страна.

Па така, според оваа анализа и предвидувања на „BBC Sport“, Белгија ќе биде селекцијата која ќе го освои Светското првенство.

Сепак, историјата и статистиките се едно, а играта која ја гледаме на теренот е нешто сосема друго, па така ни останува да уживаме во натпреварите од Светското првенство кое е пред нас и да видиме кој ќе биде новиот шампион.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more
 

Спорт

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе