СП 2018: Доминација на европските репрезентации

После комплетирањето на првото коло од групната фаза во натпреварувањето на Светското фудбалско првенство во Русија, уште еднаш добивме потврда за доминацијата на Европа во светскиот фудбал.

Иако актуелниот Светски првак Германија не започна најдобро, односно доживеа изненадувачки пораз од Мексико со резултат од 1:0, сепак европските сили вкупно забележаа осум победи, четири нерешени резултати и два порази.

Вчера серијата ја продолжи и Русија со победата од 3:1 над Египет, во отворањето на второто коло од групната фаза на Мундијалот.

Доминацијата на Европа е очекувана, а изненадување претставуваат некои други интересни статистички податоци.

Имено, почетокот на овогодинешното првенство го одбележаа погодоци постигнати од прекини. Во првото коло од прекини се постигнати дури 20 од вкупно 38 гола на првенството, што е 52,6 отсто.

На последното СП во Бразил од прекини беа постигнати 38 од вкупно 171 голови, што е 22 отсто.

Денеска продолжува второто коло од групната фаза и тоа со Португалија и Роналдо кој токму од прекин, односно со прекрасен погодок од слободен удар и донесе на својата селекција бод против Шпанија, па останува да видиме дали ќе се продолжи и трендот за постигнување на многу голови од прекини на ова првенство.

Погледнете како изгледа табелата за ефектот на ова првенство на репрезентациите ширум светот:

Селекции од Европа: 8 победи, 4 нерешени, 2 порази;

Селекции од Азија: 2 победи, 0 нерешени, 3 порази;

Селекции од Јужна Америка: 1 победа, 2 нерешени, 2 порази;

Селекции од Северна и Средна Америка: 1 победа, 0 нерешени, 2 порази;

Селекции од Африка: 1 победа, 0 нерешени, 4 порази;

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе