СП 2018: Каде е ВАР кога ти треба?

Фудбалската јавност со нетрпение го чекаше дебито на бразилската репрезентација на СП 2018, само за да доживее огромен антиклимакс во натпревар кој заврши со поделба на бодовите помеѓу Бразил и Швајцарија. Најдобрата фудбалерка на сите времиња, Марта, даде нејзини осврт за почетокот на Мундијалот преку колумна во британскиот Guardian, каде го критикуваше ВАР системот, но и играта на големите репрезентации.

Бразилците допатуваа на Мундијалот со надеж дека ќе го избришат националниот срам од поразот од 7:1 од Германија пред 4 години.

Во Русија дојдоа како еден од главните фаворити. Конечно, Бразил на хартија има генерација која е способна да освои репрезентативен турнир, за разлика од составите во 2010 и 2014, кога имаше сериозен недостаток од квалитет. Уште од почетните моменти на натпреварот беше јасно дека Швајцарија ќе биде тврд орев за Бразил. Европска репрезентација со добро фудбалско педигре, чии играчи играат во најдобрите европски лиги и кои знаат од каде доаѓа опасноста во составот на Бразил.

„Швајцарските фудбалери го чуваа Нејмар многу добро, но на моменти беа прегруби, а тоа го забележа и Нејмар. Тој му сигнализираше на судијата дека заслужува повеќе заштита. Крајниот резултат сепак беше лош натпревар за Нејмар и бразилската репрезентација страдаше поради тоа“, пишува Марта во колумната за Guardian.

Судијата не само што не му помогна на фаворитот, туку и судеше многу контроверзно во текот на целиот натпревар. Нејмар беше фаулиран 10 пати во текот на натпреварот, па се добива впечаток дека репрезентативците на Швајцарија требаше да добијат многу повеќе од трите жолти картони кои им беа доделени.

„Израмнувачкиот погодок на Швајцарија беше многу контроверзен, бидејќи беше очигледно дека стрелецот на голот Стивен Зубер го бутна Миранда пред да ја спроведе топката во голот. За да биде уште полошо, пред крајот на натпреварот требаше да биде досуден пенал за Бразил кога Габриел Жезус беше фаулиран во шеснаестеникот. Во двете ситуации ВАР технологијата не беше активирана и судијата дозволи играта да продолжи. Зарем тимот кој е оштетен не смее да побара да се прегледа снимката одново?“, прашува Марта.

Сепак, таа не ја гледа вината само во судиските одлуки. Според неа, ниту Бразил, ниту останатите фаворити на Мундијалот не покажаа доволно за да ја оправдаат улогата на фаворити. Таа вели дека очекува многу повеќе од Бразил во наредните натпревари, посебно во натпреварите од втората рунда, кога притисокот ќе биде уште поголем.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе