СП 2018: Неудобниот кревет е причина за повредата на Марсело

Левиот бек на Бразилската репрезентација, Марсело, синоќашниот натпревар против селекцијата на Србија мораше да го напушти поради болки во грбот, предизвикани од неудобниот кревет.

Марсело, кој е еден од најдобрите играчи во овој тим на Бразил, не можеше да му помогне на тимот во натпреварот против Србија во последното коло од Групата Д, на Светското првенство во Русија.

Фудбалерот на Реал Мадрид го напушти теренот во Москва после само девет минути игра поради повреда. Марсело се пожали на болки во грбот, а селекторот Тите на негово место во игра го внесе Давид Луиз.

И покрај отсуството на Марсело, Бразилците забележаа победа од 2:0, па на тој начин како првопласирани во групата Д се изборија за пласман во осмина финалето, каде ќе ги измерат силите со Мексико.

Ден после дуелот со „Орлите“ откриена е и причината за проблемите со грбот кои ги имаше Марсело.

Болката, на која се пожали за време на натпреварот, беше големо изненадување за сите во бразилскиот тим, бидејќи претходните неколку дена тој не се жалел на болки во грбот.

Причина за тоа е душекот.

Токму неудобниот кревет на кој спиел Марсело во хотелот во Москва, му донесе проблеми на бразилскиот играч.

„Најверојатно лошиот кревет е причината за болките во грбот, односно неудобниот душек во хотелската соба. Се уште е рано за прецизна дијагноза, но позитивно е тоа што Марсело многу добро реагираше на третманот на физотерапевтот на стадионот. Ќе мораме малку да почекаме за да видиме како ќе се одвиваат работите и дали ќе мора да направи пауза“, порача докторот Родриго Лазмар.

Марсело беше пресреќен поради победата која неговиот тим ја оствари против Србија, втора на овој Мундијал, а на социјалните мрежи изрази надеж за тоа дека нема да мора да го пропушти следниот натпревар против Мексико.

„Ви благодарам на сите за пораките со поддршка. Брзо ќе се вратам. Благодарение на Бога, не е ништо сериозно“, напиша Марсело.

Бразил и Мексико ќе се сретнат во осмина финалето од Светското првенство на 2 јули, со почеток на натпреварот од 16:00 часот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Read more

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Read more

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more
 

Спорт

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Читај повеќе

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе