Живот

SpaceX го има првиот патник за патување околу Месечината

14. септември 2018 - 11:28 | Б.С.Б.

Компанијата SpaceX соопшти дека го потпиша првиот договор во светот за приватен патнички лет околу Месечината.

Летотот со вселенскиот брод BFR ќе биде важен чекор кон тоа на луѓето да им се овозможи патување во вселената, соопшти компанијата на Twitter.

„Само 24 луѓе во историјата биле на Месечината. Никој ја нема посетено од 1972 година“, се додава во соопштението,

Повеќе детали ќе бидат објавени следната недела. Претходно, Маск најави дека BFR ќе биде поголем и помоќен од било која ракета во историјата.

 

Коментирај