SpaceX испрати рекорден број сателити во вселената со една ракета

Ракетата Falcon 9 на SpaceX вчера полета во вселената, носејќи досега најголем број сателити, соопшти приватната вселенска компанија во сопственост на магнатот Илон Маск.

Ракетата беше лансирана од Кејп Канаверал, Флорида во 10 часот наутро (16 часот по средноевропско време), 24 часа подоцна од првично планираното, поради лошите временски услови.

Енди Тран, управник на SpaceX, во видеото што го придружуваше лансирањето, рече дека Falcon 9 превезува 133 комерцијални и владини сателити и 10 сателити на SpaceX.

„Ова е досега најголемиот број сателити испратени на една мисија“, додаде тој.

Remote video URL

SpaceX го испраќа Falcon 9 како дел од програмата позната како „rideshare“, според која помалите компании му плаќаат на Маск за лансирање на нивната технологија во вселената.

SpaceX преку Twitter соопшти дека лансирала 143 сателити.

URL

Компанијата сака да стави во орбитата илјадници помали сателити кои ќе ја формираат мрежата Starlink што ќе овозможи пристап до брз интернет од вселената.

Некои научници изразија загриженост за големиот број сателити кои кружат околу Земјата. SpaceX тврди дека тие се дизајнирани да изгорат во атмосферата по неколку години.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе