SpaceX лансираше 60 сателити: Планетата ќе има супербрз интернет
Американската технолошка компанија SpaceX во вселената лансираше 60 сателити кои ќе овозможат супербрза интернет врска за корисниците низ светот.
Ракетата Falcon 9, лансирана од Кејп Канаверал на Флорида, ги понесе сателитите во земјината орбита.
Мисијата, позната како Starlink, има за цел да постави соѕвездие од сателити. Првите сателити беа лансирани на 24 мај.
Liftoff! pic.twitter.com/Rz6Y4EnEnM
— SpaceX (@SpaceX) November 11, 2019
Елон Маск планира да постави 12.000 Starlink сателити во орбитата со што би се овозможил интернет во делови во светот каде нема интернет, особено во руралните подрачја. Истовремено, интернетот би можеле да го користат и останатите жители на планетата.
Successful deployment of 60 Starlink satellites confirmed! pic.twitter.com/bpBqO9oYR3
— SpaceX (@SpaceX) November 11, 2019
Секој сателит е тежок околу 200 килограми, со оглед дека се поставени во ниската орбита на околу 2.000 километри од Земјата, можните застои или прекини во интернет врската се сведени на минимум.
Коментирај