SpaceX успешно лансираше и приземји рециклирана Falcon 9 ракета, и тоа по вторпат. Компанијата објави дека успешно ја завршила мисијата, а за утре планира повторно да лансира уште една употребена ракета.
Првата задача беше лансирање на бугарски сателит. Неколку минути откако ракетата се одвои од товарот, успешно слета на морска платформа во Атлантикот.
Утре се планира лансирањето на уште една ракета со друг сателит.