Вести

SpaceX потврди: Капсулата Crew Dragon уништена во текот на тестирање

4. мај 2019 - 12:00 | Б.С.Б.

Компанијата SpaceX соопшти дека капсулата Crew Dragon е уништена во текот на тестирање и дека заедно со НАСА го истражуваат настанот.

SpaceX во текот на прес-конференција потврди дека капсулата наменета за лет во вселената со екипаж, е уништена. Не се објавени детали за неуспешното тестирање извршено на 20 април. Компанијата сè уште нема објавено детали за инцидентот освен што наведе дека уништувањето е резултат на аномалија.

Шефот на мисијата, Ханс Кенигсман ги нагласи позитивните страни на тестот.  Аномалијата се случила пред палењето на Super Draco моторот. Сега, SpaceX и НАСА ги анализираат податоците на телеметрија и другите информации собрани во текот на тестот за да откријат што точно се случило.

Претходно, уништената капсула во март се спои со Меѓународната вселенска станица, мина пет дена во вселената и се врати на Земјата, слетувајќи во Атлантскиот Океан.

Коментирај