Вести

SpaceX во еден ден лансираше 60 сателити

24. мај 2019 - 11:10 | Кајгана/МИА
Њујорк, 24 мај 2019 (МИА) – Компанијата SpaceX во вселената испрати ракета со 60 сателити, пренесува CNN. Потфатот е голем чекор во создавање мегаконстелации кои на светското население може да му овозможат евтин широкопојасен пристап до интернет.

Огромната интернет констелација со 60 сателити има име – Старлинк.

SpaceX во 22:30 часот по локално време на својата ракета Фалкон 9 успешно лансираше мноштво сателити. Еден час подоцна ракетата почна полека да испушта сателити во орбитата.

Елон Маск изјави дека станува збор за онлајн сателити и дека уредите наскоро ќе ги рашират соларните панели со кои ќе се напојуваат додека се во орбитата.

Засега не е јасно дали сите сателити се целосно оперативни.

Коментирај