SpaceX за првпат успешно приземји Falcon 9 ракета на брегот на Калифорнија

SpaceX синоќа го осветли небото над Калифорнија и успешно лансираше сателит во вселената со помош на Falcon 9 ракета. По крајот на операцијата, ракетата беше успешно приземјена на брегот, за првпат во историјата на оваа компанија.

Falcon 9 ракетата го испрати сателитот SAOCOM 1A во вселената од базата Ванденберг, на југозападниот брег на Лос Анџелес.

Веднаш по успешното лансирање на сателитот, SpaceX успеа да ја приземји ракетата назад на земја, со што за првпат Falcon 9 ракета беше приземјена на Западниот брег на САД. Досега лансирањата на Falcon 9 ракети се случуваа од базата во Кејп Канаверал и сите 11 лансирања завршуваа со успешно призејмување на ракетите.

Falcon 9 дел од линијата ракети кои можат да се употребуваат одново по нивниот лет, со што SpaceX станува атрактивна компанија за потенцијалните инвеститори, но и одржува помали трошоци за производство на ракети.

Ова беше 30-то успешно лансирање на Falcon 9 ракета за компанијата, но досега ниту едно не беше изведено на Западниот брег. Милијардерот Елон Маск, кој е основач на компанијата, реши да се пофали за новиот успех на неговиот Twitter профил.

Сателитот SAOCOM 1A беше лансиран за да помогне при откривањето на природни катастрофи, влажност на почвата и временски опасности. Тој ќе може да ги детектира овие промени од 620 километри над Земјата.

реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе