Спарси го декласираа Кливленд, нов трипл-дабл на Вестбрук

Актуелниот шампион во НБА лигата Кливленд доживеа дебакл во Сан Антонио и ја загуби првата позиција во Источната конференција. На другиот крај од Тексас, во Далас, Расел Вестбрук со 37. трипл-дабл речиси сам го победи домаќинот.

Сан Антонио го декласира Кливленд со 103:74. Актуелните шампиони имаат скор од 47 победи и 26 порази и првата позција на Истокот му ја препуштија на Бостон.

Спарси доминираа од првата минута, на полувреме имаа предност од 24 поени, а во второто полувреме без поголем напор ја сочуваа предноста.

Кливленд во Тексас постигна најмал број на поени оваа сезона и уште еднаш потврди дека во пресрет на плејофот целиот тим се наоѓа во лоша форма.

Сан Антонио до победата го предводеше Каваи Ленард со 25 поени, по 6 скока и асистенции и 3 украдени топки, додека центрите Ламаркус Олдриџ и Пау Гасол постигнаа по 14 поени.

Спарси имаат скор од 56 победи и 16 порази и се втрори на Западот и воопшто во лигата.

Кај Кливленд потфрли целиот тим, а само двајца постигнаа двоцифрен број на поени: Леброн Џејмс (17) и Тристан Томпсон (11).

 

 

Расел Вестбрук го запиша 37. сезонски трипл-дабл, откако во последните три и пол мунути, во Далас, сам ја надомести негативата на Оклахома од 13 поени. На Вестбрук му се потребни уште четири трипл-дабл учиноци за да се израмни на вечната листа со Оскар Робертсон.

Далас на три и пол минути до крајот имаше предност 91:78, а потоа на сцена стапи Рас кој постигна 12 од последните 14 поени на својот тим за триумф од 91:92.

Рас мечот го заврши со 37 поени, 13 скокови и 10 асистенции.

 

 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Кошарка

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Read more

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Read more

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more
 

Спорт

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе