Спасен редок белоглав мршојадец во Малешевијата

Берово, 10 октомври 2019 (МИА) – Белоглав мршојадец кој е птица од загрозен вид во Малешевијата е спасен од повреда од страна на хумани граѓани.

Птицата, откако била пријавена, како што информираат од здружението „Проанима“, ја примил ветеринарен инспектор од Берово, кој констатирал повреда во делот на крилјата.

-Птицата не можела да лета, поради удари од камења. Била сместена во сигурна просторија на Шумското претпријатие во обезбеден кафез со храна и вода. Поради тоа што немавме искуства со птици, откако бевме известени за случајот, решивме да побараме помош од Македонското еколошко друштво, информираат од „Проанима“.

Со поддршка на Македонското еколошко друштво, започнала акција за преземање на птицата од страна на Ветеринарен факултет од Скопје каде во моментот се наоѓа белоглавиот мршојадец.

-Во акцијата за обезбедување транспортно возило, ни помогнаа од Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“. Белоглавиот мршојадец, потоа беше превземен од Македонското еколошко друштво и однесен директно на Ветеринарен Факултет во Скопје, каде е извршен преглед и првичните резултати се добри. По добивање на резултати од рентген и крв, ќе се знае колку време би траела терапијата, за да биде целосно излечен и вратен во природа, велат од здружението „Проанима“ од Берово.

Белоглавиот мршојадец е вистинска реткост во Малешевијата. Според податоците на Македонското еколошко друштво, овој вид на птичја фауна, најмногу е застапен во околината на Демир Капија, клисурата на Црна Река во близина на Тиквешко Езеро, Мариово, на планината Осогово и кај езерото Матка.

реклама

Водич за гласање: Не може да гласа лице што не носи маска или одбива да ја извади за идентификација

Read more

Што се случува кога по втор пат ќе се заразиме со коронавирусот?

Read more

Spotify отсега достапен и во Република Северна Македонија

Read more

Кој е пасивен, а кој не може без секс: Хороскопските знаци во кревет

Read more

Чек дис аут

Johnnie Walker ќе се продава во „хартиена амбалажа“

Read more

Моментот кога Роберт Ирвин беше каснат од змија на лицето

Read more

Застрашувачки момент: Сурферка опколена од три ајкули

Read more

Вирална дилема: Која зебра гледа во камерата?

Read more

Магазин

  • play_arrow

Диета со јајца: Дали може да ослабете 4,5 килограми за 7 дена?

Читај повеќе

Здрав пијалак со моркови и ананас за детокс на организмот

Читај повеќе
  • play_arrow

Девет рецепти за здрав и вкусен појадок

Читај повеќе

Кој е пасивен, а кој не може без секс: Хороскопските знаци во кревет

Читај повеќе

Johnnie Walker ќе се продава во „хартиена амбалажа“

Читај повеќе

Што се случува кога по втор пат ќе се заразиме со коронавирусот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Моментот кога Роберт Ирвин беше каснат од змија на лицето

Читај повеќе
  • filter

Ѕвездата на „365 Days“ Микеле Мороне ново заштитно лице на Guess

Читај повеќе

Русија до крајот на годинава ќе произведе 200 милиони дози вакцина против COVID-19

Читај повеќе