Спасовски: Автобусот на „Беса транс“ бил технички исправен

Автобусот на „Беса транс“ во 2020 година во 22 случаја има остварено влез – излез од државата, додека во 2021 година има 113 преминувања на државната граница. Овој автобус првпат е регистриран во Скопје на 15.10.2020 година, во сопственост на БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ, последниот технички преглед е направен на 05.10.2021, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што истакна Спасовски попладнево на прес-конференција во Владата, согласно резултатот за измерени вредности од техничкиот преглед направен од страна на стручните лица во овластеното правно лице за вршење технички преглед на возила, нема отстапки кои укажуваат на неисправност на возилото и нема забелешки.

– Важноста на регистрацијата е до 13.10.2022, а возилото е произведено во 2007 година. Во 2020 година против „Беса Транс“ се поднесени кривични пријави за четири утврдени неправилности околу непочитување на КОВИД-протоколите за превоз на патници, а во 2021 повторно четири исти неправилности, заокружени со Барање за поведување прекршочна постапка до надлежните судови.

Во однос на најновите информации кои стигнале до МВР од страна на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје, Спасовски информира дека е обезбеден биолошки материјал од роднини на 44 патници, а добиените ДНК профили се предадени во нашето обвинителство на државниот обвинител Јовески. Овој материјал ќе биде предаден на надлежните служби во Бугарија, кои ќе прават поврзувања по роднински врски со пронајдените останки, а биолошки материјал за 45-тиот патник е обезбеден во Софија.

Министерот се осврна и деталите во врска со несреќата. Рече дека на 23 ноември 2021 година тим на МВР присуствувал на самото место на сообраќајната незгода која се случи на магистралниот пат А-3, делница Софија – Дупница во Република Бугарија.

– Во несреќата учествуваше автобус марка „Меrcedes Benz“ со регистарски број SK 0284 BA, сопственост на правното лице „Беса транс“ со седиште во село Рашче, Општина Сарај. Она што го дозна тимот на местото на несреќата е дека предметниот автобус, кој се движел на релација од Турција кон Северна Македонија, на местото викано Кулата на автопатот А3, удрил во банкината и еластичната ограда од десната страна која го раздвојува постојното одморалиште покрај автопатот, при што возачот изгубил контрола на возилото и притоа дошло до самозапалување на надворешниот дел од автобусот, а потоа и до удар во средишната разделна еластична одбојна ограда од автопатот при што настанало целосно опожарување на возилото, истакна Спасовски.

Со автобусот се превезувале 52 патника, а од настанатата сообраќајна незгода и пожарот настрадале 45 лица, (податок, истакна министерот, што го потврдило и Бугарското обвинителство), додека седум лица успеале да го напуштат автобусот и потоа биле пренесени во клиниката УМБАЛСМ „Пирогов“ во Софија.

– Увидот на самото место го водел надлежен обвинител од Националната служба за истраги од Бугарија и лиценцирани вештаци ангажирани, исто така, од обвинителот, додека обезбедувањето на самото место на случената сообраќајна незгода се вршеше од страна на сообраќајна полиција од Националната полиција на Бугарија. Од страна на обвинителот нашиот тим беше запознат за преземените дејствија од нивна страна при вршењето на увидот и активностите при подигањето и документирањето на лицата кои настрадале во незгодата. Потоа, тимот во клиниката УМБАЛСМ „Н. И. Пирогов“ во Софија, се информираше за здравствената состојба на повредените, при што изврши неформален разговор со едно лице со лесна клиничка слика, а од извршениот разговор тимот беше подетално запознаен со неговото видување за случувањето и текот на сообраќајната незгода, како и за преземените дејствија од негова страна кои овозможиле покрај него, од автобусот да се извлечат уште шест лица, рече Спасовски.

Според него, потребата за соработка што ја побарала бугарската страна, била повеќе околу обезбедување лични документи и останата документација.

– Би сакал да расчистам една дилема околу надлежностите. Полицијата прави контрола на документите кои лицата и возилата е потребно да ги имаат при преминување на државната граница, односно патни исправи и лични карти за патниците, а за возилата припадниците на МВР ги контролираат сообраќајната дозвола и зелениот картон. Одделот за гранични работи и миграции при БЈБ во МВР не е надлежно да ги проверува лиценците за превоз на автобусите на граничните премини. Тоа е во надлежност на Царинската управа и Државниот инспекторат за транспорт, подвлече Спасовски.

На прес-конференцијата во Владата се и министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој информираше за пренесувањето на повредените и на посмртните останки на настраданите, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. 

Османи: Утре почнува транспортот на повредените, за посмртните останки се подготвува акциски план

Повредените во автобуската несреќа се во добра и стабилна здравствена состојба. Првите двајца ќе бидат пуштени утре, на 27 ноември, други двајца на 28 ноември, уште двајца на 30 ноември и едно лице на 1 декември. Српскиот државјанин ќе биде пренесен во Србија, а нашите во Скопје, во организација на Министерството за здравство, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што рече Османи на прес-конференција во Владата, повредените прво ќе бидат сместени во нашите здравствени установи сè додека не бидат пуштени на домашно лекување.

За преносот на посмртните останки, акциски план ќе треба да изготви Работната група што ја формира Владата и на чие чело е токму Османи.

– Владата ги презема сите трошоци за транспортот и погребот на жртвите. Нашите очекувања се наредната недела, штом заврши идентификацијата, може да се очекува вторник или среда, со можност да се помести тој ден додека не се комплтеира идентификацијата. МНР ќе го организира транспортот на посмртните останки. Денеска имавме средба со повеќе компании кои ќе бидат ангажирани околу тоа, а наредните денови планираме средба и со семејствата за да ги испочитуваме нивните барања за предавање на телата, подвлече Османи.

Подготвени сме, додаде, за сите аспекти за пренесување на повредените и на посмртните останки на настраданите.

– Продолжуваме со комуникацијата со бугарските власти. Амбасадата во Софија ќе ги преземе сите процедури за олеснување на постапката. Во наредните денови ќе информираме за точниот датум и за движењето на преносот на посмртните останки, рече министерот.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Хроника

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Read more

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Read more

Двајца стружани се расправале со гости во кафеана, оштетиле неколку автомобили, истепале охриѓанец, па биле агресивни со полицајците

Read more

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Read more
 

Вести

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе