Македонија

Спасовски: Има индиции дека „Диво насеље“ се случи за да се спречи објавувањето на „бомбите“

10. мај 2019 - 9:44 | МИА

Скопје, 10 мај 2019 (МИА) – Постојат индиции дека настаните во кумановско „Диво насеље“ пред четири години се случија за да се спречи објавувањето на „бомбите“, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во синоќешното интервју за ТВ 21.

– Една од дилемите која се поставува и пред мене и пред граѓание е дали ова беше сценарио кое требаше или имаше задача да го запре објавувањето на бомбите, затоа што во февруари почна објавувањето на бомбите односно вистината за Македонија, а во мај ни се случија настаните од Куманово, рече Спасовски

Во оружената пресметка пред четири години во кумановското „Диво насеље“, што траеше два дена, животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи,  додека четириесетина беа тешко повредени.

Покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

Коментирај