Спасовски: Изборите треба да се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојба

Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба, за 22 дена треба да се одржат избори во Република Северна Македонија. Жалам што сме единствена држава во светот каде што немаме функционален парламент, истакна денеска премиерот Оливер Спасовски пред Клиниката за инфективни болести во Скопје, прашан за датумот за изборите и дали ќе има лидерска средба.

-Дали ќе има нова лидерска не знам, но знам дека датумот е детирминиран со Уредбата со законска сила која има важење до завршување на вонредната состојба. Ако имавме функционален парламент тогаш изборите можеа да се одржат тогаш кога ќе се договорат политичките партии и лидери. Очекувам дека во рамките на законската можност ќе имаме дијалог и преку дијалог ќе дојдеме до конечен ден на одржување на изборите, затоа што тоа е добро за државата, истакна Спасовски.

Премиерот рече дека состојбата со COVID-19 е под контрола, а тоа, според него, се должи на утврдување на кластерите и луѓето кои се во самоизолација. 

Според министерот за здравство Венко Филипче, подобро е изборите сега да се одржат отколку наесен поради тоа што во моментов постои поголема контрола врз коронавирусот.

-Сега ситуацијата за избори е поволна затоа што повеќе е под контрола отколку наесен, сега се присутни ефектите од рестрикциите од движењето, карантинот и не работат училиштата, градинките, а затворени се и границите. Сите овие три фактори надополнети со тоа што наесен би можело да значи една епидемија од сезонски грип, може значително да ја комплицира ситуацијата и такви се предвидувањата и на СЗО и на други земји, истакна Филипче и нагласи дека доколку се почитуваат мерките, изборите можат безбедно да се одржат.

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека ДУИ биле единствени што не ја оцениле лидерската кај претседателот како неуспех и дека за нив тоа било почеток на дебатата за конзензус за изборите. Тоа го покажале со тоа што не отишле со вкалкулирана дата за изборите, бидејќи според нив, треба два фактора да се исполнат, а тоа е ниту еден процес да не го загрози здравјето на граѓаните и второ да се постигне консензус за изборите. 

Во однос на разговорите за парламентарните избори, Мицкоски рече дека тие ги соопштиле датумите за кои сметаат дека се најдобри за избори и дека се подготвени за компромис.

-Нашите позиции се јасни. Доколку има аргументи кои ние би можеле да ги прифатиме, ние сме тука и подготвени сме за компромис. Ние со ултиматуми не работиме. Ултиматуми кои беа кажани на масата или 21 јуни или избори без опозиција слободно нека им се со среќа, рече лидерот на опозицијата Мицкоски.

реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more
 

Вести

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе