Спасовски: Најниските пензии ќе се зголемат за најмалку 21 процент

Скопје, 4 јули 2020 (МИА) – Се обврзуваме дека по завршувањето на кризата ќе обезбедиме раст на минималната плата до 40 проценти, односно минимална плата од 20.000 денари и раст на просечната плата до 30 проценти, односно просечна плата до 34.000 денари, до крајот на мандатот. Бидејќи висината на пензиите е директно поврзана со растот на платите, а нашата цел е раст на платите во следните четири години, тоа значи и можност за раст на пензиите. Пензиите ќе растат заедно со платите, а најниските пензии ќе пораснат за најмалку 21 процент. Ќе воведеме и минимална пензија, за ниеден пензионер да не зема помала пензија од 10.700 денари.

Ова го соопшти потпретседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на средбата со пензионери во населбата Автокоманда, во скопската Општина Гази Баба.

– Во услови на здравствено-економска криза, редовно, дури и порано од предвидените рокови се исплаќаат пензиите. Нашиот концепт е сигурност: сигурност на пензиите, сигурност на платите, нови работни места, повеќе инвестиции, повисоки  плати. Ние како што знаете, ги зголемивме пензиите. Сите пензионери, од јануари земаат повисока пензија за 722 денара, 324.000 пензионери. Ова е најголемо покачување на пензиите во последните 12 години. Просечната пензија со новото покачување изнесува 15.500 денари, рече Спасовски.

Тоа, како што рече, го овозможивме со тоа што го стабилизиравме Пензискиот фонд којшто беше во долгови.

– На овој начин обезбедивме сигурни пензии за сегашните пензионери и за идните пензионери. Реформата во пензискиот систем  се спроведува врз основа на темелни анализи и системски пристап кон зголемувањето на пензиите, темелен на реален раст на економијата, а не на политички, моментални решенија. Дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување e намален за 3.7 милијарди денари, без радикални мерки како замрзнување на пензии или зголемување на старосната граница за пензионирање, рече синоќа Спасовски на средбата со пензионери во Автокоманда. Најави дека продолжуваат да инвестираат во луѓето и во институциите и во следниот четиригодишен мандат.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе