Спасовски: Не може да се повтори 27 април

Радовиш, 11 јануари 2019 (МИА) – Македонската јавност треба да знае оти 27 април не може да се повтори во ниту еден момент. Граѓаните треба да бидат безбедни, институциите функционираат и секој без разлика дали е член на политичка партија, дали е граѓанин, кој има намера да учествува повторно во нарушувањето на уставниот поредок на Република Македонија му упатувам порака да се откаже од таквата намера, бидејќи ние сме цврсто решени да се чува уставниот поредок и да се зачуваат институциите на системот, порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски од Радовиш, одговарајќи на новинарско прашање дали протестите пред изгласувањето на уставните амандмани може да ескалираат и дали може да се случи нов 27 април.

Очекува денес пратениците во Собранието на РМ да имаат капацитет да донесат важна одлука за иднината на државата.

На обвинувањата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека на протестите имало полицајци провокатори, министерот Спасовски рече дека има полицајци кои си ја вршат својата работа, полицајци кои го штитат јавниот ред и мир, полицајци кои ја гарантираат безбедноста на државата.

– Мене ми е дегутантно да слушам од еден лидер на политичка партија да потценува една институција и да потценува полициски службеници кои што работат за нашата безбедност, за сите граѓани и за безбедноста на тој лидер. Впрочем тој лидер на ВМРО ДПМНЕ има полициско обезбедување кое што го бараше за да го заштити. И сега одеднаш  слушаме такви квалификации. Мислам дека крајно безобразно или некоректно е таквото оценување на состојбите, одговори Спасовски.

На уште едно прашање каков е ставот на Оливер Спасовски доколку не поминат уставните амандмани и дали претседателот на СДСМ Зоран Заев ќе поднесе оставка, Спасовски рече дека ќе успеат во оваа битка, бидејќи таа е многу важна за иднината на Република Македонија и ќе продолжеле многу цврсто понатаму во развојот на државата.

Додаде дека е убеден дека по усвојувањето на уставните амандмани, Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во Грција и таа би била првата ратификација на членството на Република Македонија во НАТО.

Запрашан за бегството на поранешниот премиер Груевски и дали е лоцирана одговорност со оглед на тоа дека на 24 минатиот месец во Конче изјавил дека во рок од две недели МВР ќе излезе со официјална информација, министерот Спасовски одговори:

-Јас спомнав дека обвинителството за две недели ќе излезе врз основа на инфрмации, а не МВР што е многу различно. Кога ќе ги собере сите информации ќе ја извести јавноста, а МВР постапува по секој налог што ќе биде даден по обезбедување на информации. Значи, има многу информации, анализи и така натаму, но тоа го оставам на обвинителството да ги анализира и да ги соопшти на јавноста, одговори министерот Спасовски.

Дали има сознание како Груевски избегал од Македонија, со оглед на тоа дека обвинителството соопштило дека не побегнал на официјален граничен премин, Спасовски рече дека остава обвинителството да ги даде сите детали.

Спасовски денес се сретна и со градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов. Информираше дека е многу важно врската меѓу македонските граѓани и полицијата да биде силна, да биде цврста за да имаме безбедна држава и безбедни општини. Министерот Спасовски додаде дека разговарале и за локалните совети за превенција и за проектот „Безбеден град“.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more
 

Вести

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе