Спасовски: Очекувам наскоро да се формира Влада, нема нови избори

Премиерот и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски очекува наскоро да биде формирана новата Влада од страна на неговата партија. Ги оценува како небулозни обвинувањата од страна на опозицијата за купување пратеници, потенцирајќи дека ќе нема нови избори.

– Наводното купување на пратеници е уште една небулоза на Мицкоски од спектарот небулози кои секојдневно ги кажува. Ние сме сериозни и така ќе се однесуваме и при формирањето на владата. Низ разговор, низ дијалог, со прифаќање на принципите за кои се залагаме, тоа ќе биде основа на која ќе побараме поддршка од пратениците во македонското собрание. Очекувам тоа да се случи многу скоро по формирањето на македонското Собрание, рече Спасовски за „Утрински брифинг“.

Во врска со тоа дали имаат неофицијални разговори околу новата Влада, Спасовски повтори дека СДСМ и коалицијата таквите разговори ќе ги почнат после празникот 2 Август.

– Инаку, секако дека имаме контакти со политичките партии, разговараме, меѓутоа, детално околу парламентарното мнозинство, околу Владата, ќе започнат официјални разговори после Илинден, со партии кои пред сѐ се проевропски кои имаат перспектива и визија за државата, рече Спасовски.

Прашан да даде коментар на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе има нови избори на есен, Спасовски рече оти тој постојано ги менува ставовите.

– Мицкоски секој ден ги менува ставовите. Нели до пред некој ден велеше дека тој ќе формира влада, дека составува парламентарно мнозинство. Сега вели нови избори. Тоа е сепак негова работа. Изборите поминаа. На нив има јасен победник. Тоа е СДСМ. Ние ќе ја формираме новата влада, истакна Спасовски за „Утрински брифинг“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе