Спасовски со предлог со 10 пратеници да се премине на избор на Собраниски спикер

На самиот почеток на продолжението на конститтутивната седница, пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, повикувајќи се на член 79 од деловникот, даде предлог со поддршка од 10 пратеници да се премине на избор на Собранискиот Спикер.

Спасовски рече дека оваа дебата не води никаде и бесцелно се блокира Собранието. Побара од претседавачот Трајко Вељановски предлогот да се стави на изјаснување.

„Политичко насилство во Собранието прави малцинството врз мнозинството.Членот 79, став два од Деловникот е јасен, пратеник или група пратеници може да побараат измена на точките од дневниот ред. Јас не сум против да се заврши започната дискусија, но сметам дека е во интерес, првин да избереме Претседател, па потоа ќе дебатираме колку сакате.“

Претседавачот Вељановски пак реплицирајќи му на Спасовски, му го прочита членот 122, во кој пишува дека не може да се премине на следната точка додека не заврши претресот по започната точка од дневниот ред.

„Господине Спасовски, сега не може да се прекине распрвата. Да ме прашавте за совет ќе ви кажев како да ја завршите оваа работа. Ако сакавте да се избере Претседател на Собранието, требаше да дадете предлог пред да се отвори точката од днвениот ред. Вие чекавте, започна расправата и сега ви текна да барате измени. Не може.“

Реагираше и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. Тој рече дека не може да се толкува деловникот по потреба.

„Не може да се премине на точката затоа што праксата вели дека секогаш се бира Комисија за избори и именувања, а потоа Претседател. Легитимно е тоа што вие го предлагате, но исто така и Комисијата треба да даде предлог.“

На предлогот на Спасовски се редеа процедурални забелешки и реплики, а дел од пратениците од СДСМ негодуваа и довикуваа од место. Вељановски реши тензијата да ја смири со пауза. Инаку за збор се јавија над 50 пратеници, а досега е исцрпена дискусијата само  за четворица. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе