Спасовски за акцијата во Крушопек: Важни се резулатите од акцијата, а сензационализмот не е основа за водење истраги

Воопшто не е важно во кое време и колку време се водела каква било истрага, важен е кредибилитетот со кој се прави тоа и крајните резултати, а сензационализмот не е основа за водење истраги, порача денеска премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали во акцијата во Крушопек бил вклучен и негов тим додека тој беше министер за внатрешни работи.

– Воопшто не е важно колку време, кога, во кое време се водела каква било истрага. Важно е со каков кредибилитет тоа ќе се прави и да знаете дека сензационализмот не е основа за водење на истраги и спроведување на акции. Во секоја истрага мора да има сериозна кредибилност и кредибилитет и лична одговорност на оној кој раководи со органот во делот на истрагите. Врвен приоритет е да се заврши и тоа што сте го завршиле да го кажете пред јавноста. Не е важно веднаш во ист момент да излезете во јавноста и да кажете имам сензација, а со тоа да се загрози истрагата, рече денеска Спасовски, на заедничката прес-конференција со претседателот на парламентарната група „Renew Europe“, Дачијан Чолош.

Нагласи дека не смее и не треба во ниту еден момент истрагите да се водат во јавност и преку медиумите и додаде дека е потребно да завршат, да се обезбедат докази, а оние кои направиле кривично дело да завршат таму каде што им е местото.

Еден килограм запленет кокаин, кој бил дел од многу голема количина дрога, чија крајна дестинација била нашата земја, приведени четири лица, отворање финансиска истрага за правното лице во чии простории е пронајдена дрогата, истрага за евентуална вмешаност на други физички и правни лица, се резултатите од полициската акција во селото Крушопек во скопски Сарај.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вчера на серијата прашања од страна на новинарите на прес-конференцијата не откри за колкава количина дрога станува збор, ниту со кои други земји соработувале, во кој временски период се водела, а како што рече, се во интерес на истрагата.

Медиуми од нашата држава, но и од Албанија, Србија, Словенија, Црна Гора излегоа со написи дека вкупно пратката содржела 1,3 тони кокаин, по потекло од Колумбија.

Чулев информира дека кокаинот е пронајден во магацин за овошје – банани на правното лице Банекс компани ДООЕЛ. Операцијата се спроведувала од 17 до 19 февруари, а Единицата за специјални операции вршела претреси во магацинот на Банекс компани ДООЕЛ, која во 120 наврати извршила увоз на овошје во најголем дел од Колумбија, а во помал обем и од Еквадор.

По објавата за заплената на еден килограм кокаин во скопското село Крушопек, скриен во пратка со банани од марката Derby, се огласи сопственикот на овој бренд, словенечката компанија Rastoder, која тврди дека била „цел на злоупотреба од страна на криминален картел“.

Словенечките медиуми посочуваат дека кокаинот бил скриен меѓу банани увезени од Јужна Америка, чија крајна цел била Италија, но транзитирале преку неколку балкански земји. Агенцијата STA наведува дека пратката со банани од Јужна Америка со брод стигнала во Црна Гора, од каде потоа дел биле пренесени во Албанија и Северна Македонија, додавајќи дека крајна цел на откриената дрога во Крушопек бил нарко пазарот во земјава. Компанијата Rastoder во својата реакција истакнува дека уапсените од страна на македонската полиција во врска со овој случај, не се поврзани со неа.

реклама

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе