Спасовски за роденденот на Ахмети: Казнети се сите кои седеа на масата

Казнети се сите кои седеа на масата без разлика дали се претседатели на партии, пратеници или министри, кога станува збор за ова раководство на МВР, не може да замерите. Определени сме дека законите важат за сите, рече денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски прашан за прославата на роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во новите простории на Министерството за политички систем.

Министерот на денешната прес-конференција посочи дека е важно да функционираат институциите и секој да носи одговорност без разлика дали е функционер или не.

– Казнети се сите до еден што седеа на таа маса. Дали се претседатели на партии, пратеници или министри и кога зборуваме за изрекување на казни на државни функционери барем на мене или на ова раководство на МВР не можете да замерите. Од премиерот, заменик премиерот, министери, сите до еден до сега имаат казни заради тоа што направиле одредени превиди кои што треба да ги санкционирам, рече Спасовски.

Тој додаде дека кривичните пријави се доставуваат до Јавното обвинителство, а подоцна Обвинителството ќе се произнесе дали станува збор за кривично дело или не.

Спасовски напомена дека постои одреден протокол дефиниран од Комисијата за заразни болести како и на кој начин се однесуваат институциите при одржување на средби и состанотци.

– Значи при одржување на средби и состаноци во државни институции треба да се запазат протоколите за дистанца, за носење на заштитна опрема, но не е забрането да ги имаме таквите средби, така што од кривично правен аспект ќе се изјасни Јавното обвинителство, ние стоиме на располагање да помогнеме да асистрираме за се што ќе биде побарано од нас. Меѓутоа од аспект на таа прекршочна одговорност за непочитување на мерките кои ние сме ги носеле, на сите нив им се изречени прекршочни санкции, дадени платни налози, додаде Спасовски.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе