Спасовски: Злоупотреби на финансии и возила и огромна задолженост на МВР

Наместо за подобрување на стандардот на полицајците, минатото раководство на МВР трошело непродуктивно, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски вели дека полицајците седум години се без униформа, а за сметка на тоа, по стапувањето на функцијата, забележал огромна финансиска задолженост на МВР.

Во интервјуто првиот човек на МВР не открива дали по примерот на шефот на дипломатијата, Никола Попоски, ќе ги декласифицира документите за трошоците и службените патувања, но вели дека граѓаните мора да бидат информирани како и за што се трошело во МВР.

„Лудост е да се класифицираат информации за тоа колку трошел министерот“, вели Спасовски.

Министерот е дециден: Нема да дозволи да се случи четврто прислушување на граѓаните во Македонија. Најавува кадровски промени во Внатрешната контрола на МВР, за која вели дека била партизирана. Спасовски најави дека побарале најстроги санкции за насилниците од 27 април и дека досега вкупно 45 припадници на полицијата, меѓу кои луѓе од највисокото раководство се суспендирани.

„Се сретнав со обвинителите од СЈО“, вели министерот и додава дека МВР ќе му овозможи непречена работа на ова обвинителство.

Спасовски не ги открива имињата на помошниците-министри во МВР. Вели, ирелевантни се имињата, она што е важно е да работат според принципите на добро владеење. Најави и дијалог со синдикатите на полицијата за прашањата кои го засегаат стандардот на полицајците.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more
 

Вести

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе