Спасување дете од воз во последен момент
Случката е од железничка станица „Вангани“ во градот Бомбај во Индија. Шестгодишно дете паѓа на шините токму во моментот кога во позадина се гледа како пристигнува воз.
На камерата се гледа како Мајур Шелке, вработен на станицата, веднаш притрчува и го вади детето, а потоа и самиот се извлекува по последен момент пред возот да пристигне.