Специјалците на МВР синоќа ги спасија двајцата параглајдеристи кои вчера попладнето паднаа на падините на Галичица од албанска страна, потврди МВР за МИА.
Веднаш било стапено во контакт со албанската полиција и со договор е испратен хеликоптер на нашето МВР.
Испратени биле и припадници на Единицата за специјални задачи кои ги спасиле параглајдеристите и ги однеле во болницата „Св. Еразмо“.
Се работи за машко и женско лице од Украина.