Специјалци на РОСУ уапсија српски полицаец во Косово

Косовските медиуми објавија снимка од упад на специјалните единици на косовската полиција РОСУ во северниот дел на Косово.

Klan Kosova на својот профил на Facebook објави снимка во 7 часот и 20 минути утрово на која наводно се гледа дел од акцијата што била изведена околу 5 часот и 50 минути.

Според сознанијата на Танјуг, повеќе од 100 припадници на РОСУ со 25 оклопни возила и џипови влегле во северниот дел на Косово и дека биле уапсени Срби.

Два часа по нападот, се огласи косовската полиција и соопшти дека денеска во раните утрински часови во северниот дел на Митровица била спроведена акција во врска со убиството на Оливер Ивановиќ.

„Оваа полициска акција беше изведена врз основа на налог за претрес што го издаде Посебното одделение на Основниот суд, а резултираше со апсење на осомничен полицаец (Р.Б.) вклучен во налогот за претрес“, стои во соопштението.

Се наведува дека продолжува потрагата по уште еден осомничен полицаец.

„Во текот на полициската акија уапсен е уште еден осомничен кај кого е пронајдено оружје. Во операцијата се пронајдени и запленети уште две парчиња оружје и муниција“, стои во соопштението.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе