Специјален пренос на Бока-Ривер за оние со слабо срце

Првиот меч од финалето на Копа Либертадорес меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт се игра вечерва од 21 часот, а аргентинските гиганти се навикнати нивните средби да бидат исполнети со борба, жар, шанси и возбудувања кои нема да недостигаат во трката за најважниот трофеј на јужноамериканскиот континент.

Со оглед на тоа колку верните навивачи на двата тима сериозно си ги сфаќаат овие средби и со цел да нема несакани исходи од возбудата кај луѓето со слабо срце, беше смислен специјален радиопренос што на мирен, спокоен начин ќе ја пренесува атмосферата од стадионот.

Коментаторите на овој пренос нема да ја креваат тензијата на секоја шанса, нема да го повишуваат тонот додека зборуваат и во секој поглед ќе пренесуваат посмирена верзија на она што ќе се случува на теренот и на трибините.

Нема никакво сомнение дека тоа ќе биде убедливо најдосадниот пренос на фудбалски натпревар што некогаш сте го слушале, но здравјето сепак е најважно.

Ова ќе биде 247. средба на двата тима чие ривалство трае од 1913 година, а досега за малку е поуспешна Бока со 88 победи. Ривер имаат славено на 81 дуел, а без победник средбите завршиле 77 пати.

Бока шест пати го има освоено пехарот на Копа Либертадорес, а Ривер три пати.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе