Јувентус го победи Интер со 1:2 на „Џузепе Меаца“ во големото дерби на италијанскиот фудбал.
Со оваа победа актуелниот првак го скокна вечерашниот противник на табелата и повторно го зазеде првото место.
„Старата дама“ ја прекина низата од шест победи на Интер и му го нанесе првиот пораз сезонава.
Пауло Дибала го отвори резултатот со гол уште во четвртата минута, а домаќините изедначија во 18-тата минута со голот на Лаутаро Мартинез од пенал.
По поништениот гол на Кристијано Роналдо поради офсајд, Гонзало Игуаин, кој влезе како резерва, му ја донесе победата на Јувентус со гол во 80-тата минута.