Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Арсенал во исклучително возбудливо дерби од 14. коло на Премиер лигата со резултат 3:2.
Арсенал водеше на Олд Трафорд, а потоа дојде до пресврт. Следеше ново порамнување на резултатот, па Роналдо од пенал постигна гол.
Португалецот во 52. минута го постигна 800-от гол во кариерата со асистенција на Маркус Рашфрод.
Јунајтед е седми на табелата со 21 поен, а Арсенал е петти со 23.