Спектакл на вистински мраз со омилените херои прв пат во Македонија – 14 декември во арената Борис Трајковски

На 14 декември арената „Борис Трајковски“ ќе се претвори во најгламурозното ледено кралство кое некогаш сте го виделе! Ќе имате можност да влезете во магичниот свет на мразот, каде што ќе ве пречекаат легендарните јунаци, многу изненадувања и моменти кои никогаш нема да ги заборавите. Спектакл на мраз – за прв пат кај нас ќе го донесе светскиот дух на мразното шоу, а арената ќе блесне со повеќе од 300 квадратни метри вистински мраз, кој ќе се подготвува цели 4 дена, за сè да изгледа совршено – создавајќи најголем леден под на кој некогаш сте чекореле.

Замислете го целосно замрзнатиот партер, светлата што треперат низ магичната атмосфера и вашите омилени херои кои со стил и грациозни движења лизгаат на мразот. Со вас ќе бидат Петар Пан, Елса, Супермен, Аладин, Том и Џери, Спајдрмен, Мики Маус, како и Круела. А, за да биде сè како во бајка, специјален гостин ќе биде никој друг туку Дедо Мраз, подготвен да донесе празнична магија за сите нас.

Нивните улоги ќе ги играат светски познати првенци во уметничко лизгање, кои низ годините го освојувале светот со нивните прецизни движења, елеганција и совршени кореографии. Ќе гледате акробации кои го одземаат здивот и лизгачки перформанси полни со емоции.

Секој миг ќе биде волшебен, секој лик ќе раскаже своја приказна, целото шоу ќе ве однесе на патување низ фантазијата, а „Борис Трајковски“ ќе стане место каде соништата навистина оживуваат, каде магијата на мразот и светлината ја раскажуваат приказната за љубов, пријателство и храброст. Само еден ден, само едно шоу – во сабота, 14 декември, со сите омилени херои на едно место, во два термина! Првата претстава ќе биде со почеток од 12 часот, а втората со почеток од 17 часот.

реклама

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Култура

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Read more

Избрани драмски текстови за пичинг-форумот „Драмолетање“

Read more

Како поминавме на промоцијата на DYSTOKYO во Скопје?

Read more

Денови на Крали Марко во Прилеп

Read more
 

Вести

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Читај повеќе

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Читај повеќе

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Читај повеќе

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Читај повеќе

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Читај повеќе

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Читај повеќе

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Читај повеќе

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Читај повеќе

Денес облаци и дожд, утре стабилизација и температури до 26 степени

Читај повеќе