Спектакл во ЛШ, 8 голови во Манчестер, 6 во Леверкузен (видео)

Спектакуларните натпревари во Манчестер и Леверкузен, каде вкупно беа постигнати 14 голови, односно брилијантните голови на Фалкао и Саул Нигез, ги обележаа натпреварите помеѓу Манчестер Сити и Монако, односно Беар и Атлетико Мадрид.

Манчестер Сити против лидерот во францускиот шампионат се врати од амбисот, имаше негатива од 1:2 и 2:3, но во последните 20 минути успеа да постигне три гола и со предност од 5:3 ќе патува во малото кнежевство на реваншот за две недели.

Серијата на голови ја отвори Стерлинг во 25 минута по асистенцијата на Сане. Монако до крајот на полувремето направи пресврт, најпрвин Фалкао погоди со глава, а потоа и Мбапе го совлада Кабаљеро.

По пет минути игра Монако прошушти голема шанса да стекне два гола предност, бидејќи Кабаљеро му одбрани пенал на Фалкао.

Резултатот го израмни Агуеро во 58 минута. Аргентинецот упати удар од околу 15 метри, а Субашиќ реагираше аматерски, топката мина низ неговите раце и заврши во голот.

Фалкао со својот втор гол, во 61 минута повторно ја врати предноста кај Монако. Колумбиецот изведе брилијантна индивидуална акција, најпрвин лесно го мина Отаменди, потоа и Стонс и од 15 метри го лобоваше Кабаљеро.

Во последните 20 минути Сити направи целосен пресврт Агуеро израмни на 3:3 во 71 минута, шест минути подоцна Стонс ја врати предноста кај Сити, а конечните 5:3 ги постави Сане.

Атлетико гостуваше во Леверкузен и успеа да го совлада Баер со 4:2. Актуелниот европски првак по пауза од 21 година успеа да постигне четири голови на гостински терен во европските купови, а Гризман кој го постигна вториот гол за Атлетико, стана најдобриот стрелец во историјата на „јорганџиите“, во Лигата на шампионите.

Блескаше на овој меч Кевин Гамеиро, кој во саботата во првенството постигна хет-трик. Францускиот репрезентативец намести еден гол и постигна гол од пенал кој сам го избори.

Брзите напаѓачи на Атлетико им создаваа многу проблеми на дефанзивците на Баер, особено на Драговиќ, кој направи две катастрофални грешки, кои противникот ги казни.

Две чисти шанси пропушти Атлетико до 17 минута, кога Саул Нигез постигна преубав гол. Саул од врвот на шеснаесетникот, од десната страна, успеа да го погоди спротивниот агол од голот на Лено. Осум минути подоцна Гамеиро ја искористи грешката на Драговиќ, потоа успеа да навлече двајца дефанзивци на Баер, го проигра Гризман кој го постигна вториот гол.

На стартот на вториот дел Белараби успеа да го врати Баер во мечот со голот за 1:2. Сепак Атлетико успеа да ја врати предноста од два гола. Гамеиро лесно го мина Драговиќ, кој потоа направи фаул за пенал, а францускиот репрезентативец во 59 минута беше успешен реализатор.

Баер промаши две шанси за израмнување, а Атлетико тоа го казни преку Торес во 86 минута, за конечни 2:4.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе