Останати спортови
БОРБА НА ТИТАНИТЕ

Спектакл во најава: Мекгрегор ќе добие реванш со Хабиб, ако го победи Сероне

18. јануари 2020 - 12:59 | А.С.

Ирскиот ММА борач Конор Мекгрегор утре рано наутро по наше време ќе се врати во октагонот со борбата против Доналд Сероне.

Мечот во велтер категорија што ќе го одбележи камбекот на Мекгрегор е дел од УФЦ настанот 246 и се очекува со нетрпение од повеќе причини.

Ирецот Мекгрегор (31) има скор од 21-4, но се нема борено по поразот од Хабиб Нурмагомедов во октомври, 2018 година. Од друга страна, Американецот Сероне (36) држи рекорд во број на победи (23) и прекини (16) во УФЦ.

Враќањето на Мекгрегор е спектакл сам по себе, а судејќи по изјавата на неговиот тренер Џон Кавано, Ирецот е во топ форма, како никогаш досега.

Освен што оваа борба е големата шанса на Мекгрегор да се врати на големата сцена, победата би му го овозможила она што го посакува најмногу – реванш со Нурмагомедов.

Тоа го потврди и првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт.

„Чека реванш со Хабиб, тоа не е тајна. Ако победи викендов, ќе добие шанса за титулата. Тоа ќе биде најголемиот pay-per-view настан во историјата на УФЦ“, најави Вајт.

Коментирај