Останати спортови

Спектакуларниот Адесања: Новата УФЦ ѕвезда го победи легендарниот Андерсон Силва

10. февруари 2019 - 14:02 | К.З.

Андерсон Силва докажа дека има останато уште многу трикови во ракавот во текот на синоќешната борба со Израел Адесања, но новата сензација во УФЦ не дозволи да биде поразен пред публиката во Мелбурн.

Нигериецот Адесања го доби дуелот со едногласна судиска одлука, во која тројцата судии одлучија дека тој е победник во секоја од рундите. Сепак, 29-годишникот во текот на целата борба беше изненаден од ударите и триковите кои му ги приредуваше легендарниот Спајдер.

Главната борба на вечерта требаше да биде помеѓу првакот во средна категорија, Роберт Витакер, и предизвикувачот Кевлин Гестелум, но беше откажана поради повредата на Витакер и затоа дуелот помеѓу Силва и Адесања беше во центарот на вниманието.

Израел Адесања покажа завидна техника против Андерсон Силва, со тоа што го напаѓаше противникот со неколку спектакуларни оружја за напад, секое од нив поопасно од претходното.

Во 15-минутната борба можеа да се видат многу возбудливи потези, а иако Адесања погоди неколку чисти удари, Силва му зададе удар кој го сруши Нигериецот, по што тој мораше да биде многу повнимателен во понатамошната борба.

Сега Израел Адесања има скор од 16-0 и по борбата покажа голема почит кон поранешниот првак Силва, а потоа рече дека доаѓа по Витакер, кој веројатно ќе биде неговиот следен противник.

Коментирај