Музика

„Spice Girls“ повторно ќе се соберат во 2018 година

14. ноември 2017 - 14:24 | М.Д.

После низа на тајни преговори кои се одвивале уште од минатото лето, сите пет девојки, на сцената познати како „Spice Girls“,  повторно ќе се соберат и тоа уште во 2018 година.

На тој начин овој бенд ќе издаде компилациски албум со Викторија Бекам.

Имено, блиски извори до нив ја потврдиле оваа информација, откако била зпаочната и кампања против повторното собирање на култниот поп бенд.

„Петте девојки тајно преговараа уште од леотото и конечно одлучија повторно да се соберат во 2018 година“, вели споменатиот извор.

Заедно ќе работат на низа проекти, кои вклучуваат и компилациски албум.

Поп легендите, кои моментално работат на повторна средба со поранешниот шеф Симон Фулер, моментално биле во поблиски односи, во однос на оние кон почетокот на годината.

Поранешен помошник кој сега повторно работи со девојките истакнал дека односот на девојките бил прилично ладен кон почетокот на годината.

„Плановите во овој момент се сеуште во рана фаза. Не е лесно да ги соберете на едно место истовремено. Но, тимот кој стои зад повторното собирање е воодушевен што успеало да се дојде до овој момент“, вели нивниот поранешен помошник.

 

 

Коментирај