Суперхеројскиот филм „Spider-Man: Far from Home“ на Sony втор викенд по ред се најде на врвот на северноамериканскиот бокс-офис, како најгледан филм со остварена заработка од 45,3 милиони долари.
На второто место е „Toy Story 4“, додека премиерните прикажувања на „Crawl“ и „Stuber“ се најдоа на трето и четврто место со заработка од 12 милиони долари, односно 8 милиони долари.
Дваесет и третата авантура од универзумот на Марвел заработи над 847 милиони долари на светскиот бокс-офис. Ниту премиерите на „Crawl“ и „Stuber“ не успеаја да го симнат од врвот суперхеројскиот филм. „Toy Story 4“ на Disney остана на солидно второ место, заработувајќи дополнителни 20 милиони долари во четвртиот викенд на прикажување.
Ова е целосната листа на најгледани филмови во САД и Канада за изминатиот викенд:
1. Spider-Man: Far from Home – 45,3 милиони долари
2. Toy Story 4 – 20,6
3. Crawl – 12
4. Stuber – 8
5. Yesterday – 6,7
6. Aladdin – 5,8
7. Annabelle Comes Home – 5,5
8. Midsommar – 3,5
9. The Secret Life of Pets 2 – 3,1
10. Men in Black International – 2,2 милиони долари.