Sony потврди дека претстојниот „Spider-Man: No Way Home“ не е последниот филм за овој суперхерој, туку дека се подготвуваат уште три нови.

Фановите на Спајдермен стравуваа дека претстојниот филм е последен во франшизата, но продуцентката Ејми Паскал потврди дека повторно ќе го гледаме Том Холанд во оваа улога.
„Ова не е последниот филм за Спајдермен. Подготвуваме вистинско уживање со Том Холанд и Marvel, дури размислуваме за трилогија. Ова дефинитивно не е крајот“, рече Ејми Паскал.
Веста доаѓа откако режисерот на „No Way Home“ Џон Вотс го нарече последното продолжение „крајот на играта“. Том Холанд постојано нагласува дека неговата иднина во Marvel Cinematic Universe (MCU) е неизвесна бидејќи претстојниот филм е последен според неговиот актуелен договор.
Холанд првпат се појави во улогата на Питер Паркер/Спајдермен во 2016 година во филмот „Captain America: Civil War“. Британецот беше третата личност која го отелотвори ликот на суперхеројот, по претходниците на Тоби Мегваер и Ендрју Гарфилд.
„No Way Home“ пристигнува во кината на 17 декември и продолжува онаму каде што застана претходното продолжение „Far From Home“.
Спајдермен се обидува да си го врати приватниот живот откако ќе се открие неговиот идентитет, но работите не одат како што тој замислил.