Стефан Спировски е херојот на Хапоел Тел-Авив откако синоќа со два гола му пресуди на противникот.
Откако тренерот Нир Клингер одлучи нашиот репрезентативец да играа нешто поофанзивно, тоа вродува со плод. Спировски повеќе учествува во нападите на својот тим, постигнува и по некој гол, а синоќа постигна дури два и директно влијаеше на победата на Хапоел.
Прво во 29-тата минута налета на една топка и со лева шутна неодбранливо во аголот од противничкиот гол. Гостинскиот тим на Хапоел Ра'анана го израмни резултатот пред паузата.
Во вториот дел негов соиграч погоди за 2:1, а потоа гостите израмнија на 2:2, но голот беше поништен по интервенција на ВАР. Да, во Израел имаат ВАР!
На четири минути до крајот на натпреварот повторно на сцена стапи Спировски. По едно нафрлување од корнер, Стефан на прва статива со глава го постигна својот втор гол.
(на 0:24 и 3:00)
Сега Спировски има вкупно 5 голови во дресот на Хапоел од кои 2 во Купот на Израел и 3 во лигата. Само месецов постигна 4 од нив.
Неговиот тим по 19 кола во Израел е на 5-тото место со 26 бода и е во победничка серија од 4 натпревари. Во израелското првенство првите 6 тима на крајот на сезоната продолжуваат во плеј-оф.