Споделете го моментот на фудбалско лудило и добијте можност да бидете дел од УЕФА Супер купот Скопје 2017

Споделете го моментот на фудбалско лудило и добијте можност да бидете дел од УЕФА Супер купот Скопје 2017, обезбедено од Mastercard, еден од официјалните спонзори на УЕФА Супер купот Скопје 2017.

Веднаш по објавувањето на информацијата дека земјата-домаќин на 42-то издание на УЕФА Супер купот ќе биде Македонија, веројатно кај повеќето од вас предизвика неопислива мешавина на емоции. Дефинитивно, така влијаеше врз нас. Од воодушевување до неверување, од возбуда до неограничена среќа, од невозможна мисија до желба за реализација. Да се биде дел од УЕФА Супер купот Скопје 2017. Бесценето!

Ова со сигурност беше случај за страсните и верни навивачи на ФК Манчестер Јунајтед и ФК Реал Мадрид – двата европски тима што ќе се сретнат на 8 август на Националната арена Филип II во Скопје.

За нив, оваа информација предизвика незапирлив нагон, инстинктивна потреба да се биде дел од заедничката и силна енергија што ќе го исполни битието на секој фудбалски навивач. Ќе ги обземе сите клетки, ќе ги наполни очите и душата, и ќе ја собере сета моќ на гласот за да извикаат – ГОООООООООЛ!

Лојалните фанови се подготвени. Постојано ја проверуваат својата гардероба за да се уверат дека вистинскиот дрес е на своето место, бидејќи нема подобро време од оваа пригода за да се облече најобожаваниот навивачки материјал – дресот на ФК Манчестер Јунајтед или на ФК Реал Мадрид. Време е да се направат и сите потребни проверки пред натпреварот, бидејќи за нив не постои нешто што може да го замени овој бесценет момент.

Во таквите мигови, кога воодушевувањето и возбудата владеат со однесување на луѓето, сè е можно. Пасионираните фудбалски навивачи отсекогаш биле познати по својата подготвеност да одат и во крајности за нивната љубов – фудбалот. Да го истетовираат логото на омилениот клуб, да се расправаат со своите деца за далечинскиот управувач само за да го гледаат ТОКМУ ТОЈ фудбалски натпревар, притоа однесувајќи се исто како и нивните деца, да бранат одреден играч како да е сопствениот брат, да го изгубат гласот за многу потребниот гол, да ја пропуштат свадбата на нивниот пријател, да го прослават 38-от роденден со торта од нивниот омилен фудбалски клуб...

Доколку некои од вас веќе се препознаа во овие примери, имаме неодолива понуда за вас.

Mastercard, еден од официјалните спонзори на УЕФА Супер купот Скопје 2017, обезбедува карти за промотивната кампања што е во тек на веб-страницата на „Кајгана“ и ви ја дава можноста да бидете дел од фудбалското лудило заедно со вашето дете, со едноставно прикажување на вашата страст кон фудбалот.

Споделете ја вашата фотографија со својот уникатен момент на фудбалско лудило заедно со вашето дете и можеби вие и вашето дете ќе бидете еден од 11-те парови што ќе добијат билети за УЕФА Супер купот Скопје 2017.

Правилата за учество, како и повеќе информации за промотивната кампања, се достапни овде>>>

Промотивната активност важи до 21 јули, а право на учество има секое физичко лице над 18 години со важечка Mastercard кредитна или дебитна картичка, издадена од која било од македонските банки, заедно со неговото дете на возраст од 7 до 9 години што има висина помеѓу 1,05 м и 1,35 м. Билетите се обезбедени од страна на Mastercard, официјалниот спонзор на УЕФА Супер купот Скопје 2017.

реклама

Не простуваат лесно: Хороскопски знаци кои најдолго се лутат

Read more

Клуни одбил 35 милиони долари за еднодневно снимање реклама

Read more

Знаци што покажуваат дека старата љубов уште ве нема преболено

Read more

Првата студија покажа: Омикрон успешно го избегнува имунитетот стекнат по природен пат

Read more

Фудбал

Пелистер во топ 10 најлоши во Европа сезонава

Read more

Занети: Меси никогаш не беше блиску до Интер

Read more

Дали Северна Кореја навистина тврди дека има освоено Мундијал?

Read more

Почина легендата на ФК Партизан, Момчило Вукотиќ

Read more
 

Спорт

Пелистер во топ 10 најлоши во Европа сезонава

Читај повеќе

Занети: Меси никогаш не беше блиску до Интер

Читај повеќе

Емил Павлов: Сонот ми е за две години да ја освојам титулата светски првак

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс подобри од Лејкерс во дербито, Голден Стејт го разби Феникс

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Северна Кореја навистина тврди дека има освоено Мундијал?

Читај повеќе

Почина легендата на ФК Партизан, Момчило Вукотиќ

Читај повеќе

Поранешна УФЦ шампионка претепана од ММА борач, гола избегала од хотелска соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Мемфис запиша највисока победа во историјата на НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакл на Олд Трафорд: Триумф на „Црвените ѓаволи“ во режија на Роналдо

Читај повеќе