Споменици од поранешна Југославија во новиот спот на Алан Вокер
Норвешкиот продуцент и диџеј, Алан Вокер, објави нов спот за синглот „Darkside“.
Во спотот се појавуваат споменици од области во поранешна Југославија, односно предели од Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Ова видео претставува спој на футуризмот и архитектурата на поранешна Југославија.
Овој познат диџеј, својот успех го оствари на само 18 години, кога на светските топ листи доминираа неговите хитови „Faded“ и „Alone“.