Споменикот на Александар Велики по 26 години поставен во центарот на Атина

Атина, 18 април 2019 (МИА) – Откако од 1992 година првпат беше претставен на јавноста, а во 1993 година откупен од Министерството за култура на Грција, споменикот на Александар Велики, но во поинакво, во младо издание, а не како војник, вчера по 26 години беше поставен во центарот на Атина.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, утре наутро ќе биде и свечено откриен во присуство на атинскиот градоначалник, Јоргос Каминис.

Споменикот денеска е покриен со платно, а работници интензивно работат на уредување на просторот околу споменикот. Се поставуваат плочки, се фарбаат бандерите, се средува делот под споменикот, за се да биде подготвено за утрешниот ден.

Она што не останува незабележано е букетот цвеќиња закачен на споменикот, јави дописничката на МИА од Атина. Никој од работниците што работата на уредувањето на просторот не знаеше кој и кога ги оставил цвекињата.

Споменикот е дело на скулпторот Јанис Папас и е со висина од 3,5 метри, а изминатите години доста често беше во центарот на вниманието на грчката јавност поради неможноста да се најде соодветен простор за негово поставување.

Во 2014 година градоначалникот на Атина презеде иницијатива и одговорност за да се стави крај на недоразбирањата и споменикот да биде поставен во грчката престолнина, а општинскиот совет, една година подоцна донесе одлука за местото каде што ќе се постави.

Склупторот Јанис Папас, кој почина во 2005 година, уште во 1941 година започнал да работи на споменикот, а делото го завршил во 1972 година. А, 20 години подоцна, во 1992 година првпат бил претставен на изложба и купен од Министерството за култура на Грција. Во 2001 година тогашниот министер за култура, Евангелос Венизелос, го известил тогашниот градоначалник на Атина, Димитрис Аврамопулос дека Министерството сака споменикот да и го подари на општината.

Откако споменикот станува сопственост на општина Атина, започнуваат и перипетиите и несогласувањата околу неговото поставување.

Во 1993 година била разгледана можноста да се постави споменикот во парк во центарот на Атина, кој би го носел името Александар Велики, меѓутоа во тој дел, тогаш се работело на изградба на метрото.

Во периодот од 2001 до 2013 година, советот на општина Атина и надлежните разгледувале различни плоштади на кои би можел да се постави споменикот, но секогаш се појавувал проблем. Или постоење на друг споменик или несогласувања или мал простор.

Пред четири години, во 2015 започнаа подготовките за поставувањето во центарот на Атина.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе