Додека караванот на Формула 1 се движи кон познатиот „Интерлагос“ во Бразил, нема сомнение дека љубителите на брзината ќе уживаат во уште еден возбудлив тркачки викенд.
Слободните тренинзи и квалификациите за спринт ќе се одржат во петок, 7 ноември, додека спринтот и главните квалификации ќе се одржат во сабота, 8 ноември. Главната трка е закажана за недела, 9 ноември.
It's an #F1Sprint weekend in Sao Paulo 🇧🇷🙌
— Formula 1 (@F1) November 6, 2025
Here's our schedule for Friday, Saturday and Sunday! 👇#F1 #BrazilGP pic.twitter.com/IjL1KwPTHo
Прво Гран При на Бразил: 1973 година
Должина на патеката: 4.309 км
Рекорд во круг: 1.10.540 (Валтери Ботас, Мерцедес, 2018)
Најмногу пол позиции: Аиртон Сена, Мика Хакинен, Фелипе Маса, Рубенс Барикело и Луис Хамилтон (по 3)
Најмногу победи: Михаел Шумахер (4)
„Интерлагос“ е изграден во 1938 година на земјиште кое не било погодно за домување. Патеката вушност го носи името на Жузе Карлус Пачи, возачот кој победил тука во 1975 година со британскиот Брабам.
Во 2024 година беа регистрирани 72 престигнувања.
Веројатност за излегување на безбедносното возило: 86%, за виртуелното: 43%.
Губење на време при влегување во бокс: 20,8 секунди.
Teamwork in the Sprint 🤝
— Formula 1 (@F1) November 6, 2025
Last season's #F1Sprint in Sao Paulo saw Oscar Piastri allow team mate Lando Norris through in the final laps to secure the victory, amid Lando's 2024 championship bid 💨#F1 #BrazilGP pic.twitter.com/E5PlTH3XPh
Поранешниот возач на Рено, Џолион Палмер, ја опишува „Интерлагос“ како „кратка, но технички тешка“ патека:
„Првата кривина е тешка - можете доцна да сопирате и да влезете агресивно, но ако претерате, лесно е да ги блокирате предните тркала. Средниот сектор е сè за ритам и прецизност, додека последната кривина е клучна поради брзиот излез до целта нагоре.“
Поради спротивната насока и долгите свртувања лево, оваа трка физички ги исцрпува возачите - особено мускулите на вратот.
Последни освојувачи на пол-позиција:
2024 - Ландо Норис (Мекларен)
2023 – Макс Верстапен (Ред Бул)
2022 – Кевин Магнусен (Хаас)
2021 – Макс Верстапен (Ред Бул)
2019 – Макс Верстапен (Ред Бул)
Последни победници:
2024 – Макс Верстапен (Ред Бул)
2023 – Макс Верстапен (Ред Бул)
2022 – Џорџ Расел (Мерцедес)
2021 – Луис Хамилтон (Мерцедес)
2019 – Макс Верстапен (Ред Бул)
Да потсетиме дека Верстапен славеше минатата година по драматична дождлива трка, стартувајќи од 17-тото место.
За оваа трка, Pirelli ги носи истите соединенија како и во 2023 година: C2 (тврди), C3 (средни) и C4 (меки) - што значи чекор потврдо во споредба со минатата сезона.
Минатата година трката беше целосно на дожд, но гумите за суво возење што се користеа во петокот и саботата покажаа големо абење и гранулација, особено на задната оска.
Патеката неодамна е целосно обновена, што ја прави помалку абразивна, но сепак полна со нерамнини. Комбинацијата од кратки правци и тесни кривини нуди многу можности за претекнување, но исто така ги зголемува шансите за инцидент и распоредување на безбедносното возило.
Бидејќи времето во ноември во Саун Паулу е исклучително променливо, дождот би можел да игра клучна улога и оваа година.
An absolute Max-terclass here in Sao Paulo last season! 😮💨🙌
— Formula 1 (@F1) November 5, 2025
P17 ➡️ P1 #F1 #BrazilGP pic.twitter.com/lqXrHufgtB
Пред последните четири кола од сезоната, борбата за титулата е сè уште напната.
По триумфот во Мексико, Ландо Норис се врати на врвот на табелата - но има само еден бод предност пред тимскиот колега Оскар Пјастри.
Макс Верстапен заостанува 36 бодови, но влегува во викендот во одлична форма, особено имајќи ја предвид неговата доминација во влажни услови.
Во шампионатот за конструктори, Ред Бул се обидува да ги престигне Ферари и Мерцедес во борбата за второто место, додека Вилијамс го задржува петтото место.
Еден од најемотивните моменти во историјата на Формула 1 се случи на „Интерлагос“ во 1991 година, кога Аиртон Сена, и покрај дефектот на менувачот и само еден достапен менувач, успеа да победи пред домашната публика. Тоа беше првата победа на Сена на домашен терен, а сцените станаа легендарни.