Формула 1 и Светската автомобилска федерација (ФИА) го објавија, по одобрувањето од Светскиот совет за мотоспорт, календарот за 2027 година, во кој ќе има 24 трки, а бројот на спринт трките е зголемен од 6 на 10.
Предсезонските тестирања ќе се одржат во Бахреин од 24 до 27 февруари следната година.
Сезоната 2027 започнува на 14 март со Големата награда на Бахреин и завршува со Големата награда на Абу Даби, која е закажана за 12 декември.
Спринт трките за прв пат ќе се одржат во Бахреин, Австралија, Јапонија, Монако и Абу Даби, додека други спринт трки ќе се одржат во Канада, Велика Британија, Италија, Бразил и Катар.
„Календарот за 2027 година ги обединува некои од најзначајните светски патеки и возбудливи градови, создавајќи неверојатна позадина за уште една незаборавна сезона во Ф1. Возбудени сме што ги пречекуваме Португалија и Турција во шампионатот и што ги прошируваме спринт трките на 10 настани, давајќи им на нашите фанови повеќе од возбудата, драмата и акцијата што го прават нашиот спорт толку посебен“, рече претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, според официјалната веб-страница на Ф1.
24 Races. 10 Sprints. 🏁
— Formula 1 (@F1) September 16, 2026
The 2027 F1 calendar is here! 🤩#F1 pic.twitter.com/GSlCRrpcVb