формула 1 2026

Хамилтон бесен поради одлуките на Ферари: Тешко е кога гледаш два Мерцедеса пред тебе

Ф1
Ф.З.
/ 24.08.2026 / 14:20

Луис Хамилтон не ја криеше својата фрустрација за време на Големата награда на Холандија, а пораките што ги испрати до својот тим преку радио најдобро ја одразуваа фрустрацијата на седумкратниот светски шампион. Британецот ја заврши трката на четвртото место, но во поголемиот дел од трката сметаше дека можеше да постигне подобар резултат.

Во 43. круг Хамилтон беше веднаш зад клупскиот колега Шарл Леклер, уверен дека има подобро темпо. Сепак, Леклер не го пропушти Хамилтон, ниту пак веднаш влезе во боксот. Британецот изгуби драгоцено време поради ова, и не го криеше својот гнев.

„Прекрасно го потрошивме времето“, иронично рече Хамилтон преку радио.

Леклер влезе во бокс еден круг подоцна, давајќи му зелено светло на Хамилтон. Сепак, новата ситуација предизвика незадоволство. За време на периодот на виртуелното безбедносно возило, Хамилтон го праша тимот дали ќе го пратат во боксот, а потоа додаде:

„Дали ме користите како заморче?“

На крајот, тој сепак заврши четврти, откако до последниот круг се обидуваше да го стигне Џорџ Расел и да си обезбеди место на подиумот.

По трката, Хамилтон објасни дека неговите реакции не се должат на нетрпение, туку на огромната желба за победа. Како пример го наведе Мерцедес, кој во завршницата ги менуваше позициите на своите возачи без многу двоумење.

„Да, сакам да победам. Тука сум за да победам и тешко е кога гледаш напред и гледаш двајца возачи на Мерцедес, кои ја добиваат одлуката, ја спроведуваат веднаш и ја продолжуваат трката“, рече Хамилтон.

Британецот додаде дека ќе разговара за ситуацијата со својот тим, но исто така истакна колку во моментов е изедначена конкуренцијата.

„Му дозволија на Кими да помине и му дозволија да ја продолжи трката, додека јас имав поинаква стратегија и не беше исто тука. Малку е тешко, но ќе разговараме за тоа кога ќе се вратам.“

Хамилтон, и покрај своето незадоволство, ги пофали Ферари и својот болид.

„Го дадов максимумот од себе. На врвот е многу тесно, навистина е тешко да се бориш. Се подобрив, иако мораше да бидеме малку подобри во квалификациите.“

Особено е загрижен за брзината на Мерцедесот на правците.

„Мерцедес добива околу 4 десетинки од секунда само на правецот, па затоа е многу тешко да се надомести тоа на другите делови од патеката. Тоа покажува дека имаме многу добар болид. Ако некако можеме да го подобриме погонскиот уред и да се приближиме до нив, верувам дека тимот прави сè што може. Се надевам дека ќе можеме да се приближиме уште повеќе и да се вклучиме уште повеќе во борбата со нив“, рече Хамилтон.

реклама

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Read more

Човек од Белата куќа: Спречивме катастрофа на Балканот

Read more

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Read more

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Ф1

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Read more

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Read more

Хаос во Малезија: Стартот одложен за повеќе од 1,5 час, дождот предизвика софтверски дефекти кај 10 болиди

Read more

Верстапен на пол позиција по 302 дена, Хамилтон втор во квалификациите

Read more

Спорт

Селекторот на Португалија се огласи по обвинувањата на Роналдо

Читај повеќе

И покрај низата порази: Македонија падна само две места на ранг-листата на ФИФА

Читај повеќе
  • play_arrow

Невообичаена сцена на прошталниот меч на Меси: Судијата му ги подари картоните за спомен

Читај повеќе

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Читај повеќе

Седум земји во трката за домаќин на Олимписките игри 2036 

Читај повеќе

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Читај повеќе

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Читај повеќе

Евролигата ја одби понудата од НБА

Читај повеќе