Луис Хамилтон почувствува дека неговата трка за Големата награда на Унгарија го изгубила ритамот во моментот кога Макс Верстапен повторно го престигна на почетокот на трката.
Возачот на Ферари беше првиот меѓу водечките што влезе во боксот. Ги смени гумите од меки на тврди во 13-тиот круг, а тимот од Маранело изведе одлична „андеркат“ стратегија , што му овозможи на Хамилтон привремено да го престигне Верстапен.
Сепак, славењето не траеше долго. Веќе во следниот круг, возачот на Ред Бул ја врати својата позиција со агресивен маневар на внатрешната страна од првата кривина, што, според Хамилтон, целосно го променило текот на неговата трка.
„Стартот беше добар, добив една позиција и имав многу добро темпо во првиот дел од водедниот стинт. Проблемот е што е исклучително тешко да се престигне на оваа патека“, рече Хамилтон.
Британецот истакна дека успешниот „андеркат“ над Верстапен бил еден од ретките светли моменти во неговата трка.
„Тоа беше позитивно, но Макс повторно многу брзо ме помина. Мислам дека во тој момент бев во метеж со возачите за цел круг, дури и не го видов како доаѓа. Кога ме помина, оттаму сè трга надолу.“
Хамилтон го држеше четвртото место до финишот, но казната за пребрзо возење во боксот го чинеше неговото место. По дополнителните секунди, тој заостануваше зад тимскиот колега Шарл Леклер и ја заврши трката едно место пониско.
🚨 FIVE-SECOND PENALTY FOR HAMILTON
— Formula 1 (@F1) July 26, 2026
Speeding in the pit lane #F1 #HungarianGP | LAP 66/70 pic.twitter.com/fkeKMCSOBu
Иако не го криеше разочарувањето од исходот во Будимпешта, седумкратниот светски шампион верува дека Ферари има причина за оптимизам по првата половина од сезоната.
„Беше многу фрустрирачки. Секако дека не сум задоволен, но овие работи се дел од тркањето. И покрај сè, можеме да извлечеме многу позитивни работи од првиот дел од сезоната и верувам дека имаме на што да градиме за остатокот од шампионатот“, заклучи Хамилтон.