Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 09.04.2026 / 14:07

Главниот инженер на Ред Бул, Џанпјеро Ламбјазе, се согласил на трансфер во Мекларен во 2028 година.

Британецот со италијанско потекло, кој со текот на времето се профилираше како „тркачки инженер на Макс Верстапен“, ќе му биде поддршка на шефот на Мекларен, Андреа Стела. Точните детали и името на неговата нова функција, засега, му се познати само на Мекларен, пишува BBC.

Британскиот јавен сервис продолжува велејќи дека преселбата е дел од планот за понатамошно зајакнување на тркачките операции на Мекларен во време кога Формула 1 станува сè посложена.

Ниту Мекларен ниту Ред Бул не сакаа официјално да ја коментираат оваа вест, но доверливи извори од двата тима ја потврдија информацијата за BBC Sport, инсистирајќи на анонимност.

„Ламбјазе, кој моментално е раководител на тркачкиот инженеринг во Ред Бул, ќе стане третата високо рангирана личност од тој тим што ќе се пресели во Мекларен во последните неколку години. Роб Маршал пристигна како главен дизајнер на почетокот на 2024 година, додека поранешниот раководител на стратегијата, Вил Кортни, стана спортски директор на Мекларен во јануари годинава“, наведува BBC и потсетува дека заминувањето на клучните луѓе во Ред Бул трае веќе некое време.

„Од друга страна, Ред Бул е без техничкиот директор Адриан Њуи и спортскиот директор Џонатан Витли од почетокот на 2024 година. И двајцата го напуштија тимот пред тогашниот шеф на тимот Кристиан Хорнер да биде заменет во јули 2025 година.“

Ламбјазе е познат по блискиот однос со четирикратниот светски шампион Верстапен, со кого тесно соработува откако Холанѓанецот пристигна во Ред Бул пред Големата награда на Шпанија во 2016 година.

На последната трка во Јапонија, Макс изјави дека размислува за својата иднина во Формула 1, бидејќи возењето нови автомобили повеќе не му пружа задоволство. Интересно е што и договорот на ферстапен, како и договорот на Ламбијазе, истекува на крајот од сезоната 2027.

реклама

Која е Дара, Бугарката која победи на 70. Евровизија?

Read more

18-годишно момче убиено со пиштол во шума кај Сарај

Read more

Онколози препорачуваат што да појадувате за превенција од рак

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Ф1

Мексико сака да има најдобра патека: Започнаа работите вредни милиони

Read more

Леклер казнет во Мајами, падна на 8. место

Read more

Формула 1 среде сезоната ги смени правилата

Read more

Расел: Ќе возам за Мерцедес и во 2027 година

Read more
 

Спорт

Алегри: Имам добри вести за Модриќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Судир на титанките: Борбата од 3 милиони долари меѓу Ронда и Џина траеше 15 секунди

Читај повеќе

Шаби Алонсо официјално е новиот тренер на Челси

Читај повеќе

AS: Балканскиот гениј нокаутиран, Милан во криза

Читај повеќе

Цените на билетите за Светско паѓаат, а бесот на навивачите не стивнува

Читај повеќе

Шпански медиуми: Мурињо веќе постигнал договор со Реал Мадрид

Читај повеќе

Дубаи се заканува со повлекување од АБА лигата

Читај повеќе

ФФМ потврди: На 1 јуни пријателска против Турција во Истанбул

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Пеџа Стојаковиќ се двоуми дали да игра за Србија или за Грција

Читај повеќе