Луда Ф1 трка во Мајами, во Lego болиди

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 05.05.2025 / 20:32

Големата награда на Мајами, шестата трка во Ф1 шампионатот, имаше спектакуларна најава за главната трка.

Пред почетокот на трката, фановите можеа да ја видат најинтересната парада досега во Ф1, која се претвори во најлудата трка во историјата, трка во Lego билиди.

Оваа година Lego пушти колекција посветена на Ф1, а во таа чест на патеката се најдоа 10 билиди во природни големини, зад чиј волан беа најдобрите возачи на денешницата, а совозачи им беа нивните колеги.

Секој од тие 10 билиди тежи околу 1.500 килограми, што е речиси двојно повеќе од стандардните билиди, бидејќи тие не смеат да тежат повеќе од 800 килограми.

Lego билидите, патем, се направени од по 400.000 коцки, кои се поставени околу челична конструкција, а за да се изработат биле потребни 22.000 часови. Во изградбата учествувале 26 дизајнери и инженери, а билидите биле изградени во фабрика во Кладно, Чешка.

Иако достигнуваат брзина од само 20 км/ч, бидејќи имаат само околу 7 или 8 коњски сили, трката на патеката околу стадионот „Хард Рок“ во Мајами ги забавуваше возачите и фановите како никогаш досега.

„Ова беше најзабавната парада што некогаш сме ја имале. Беше навистина забавно“, рече Луис Хамилтон, кој му беше совозач на Шарл Леклер.

За време на најлудата трка во историјата, имаше неколку инциденти, за среќа без последици, но стјуардите мораа да ја исчистат патеката пред самата трка, поради бројните расфрлани парчиња.

Интересно е што не беше прв пат Lego билиди да се најдат на патеката, но никогаш не биле во толкав број. Минатата година, возачот на Мекларен, Ландо Норис, возеше болид направен од коцки на патеката „Силверстоун“.

Што се однесува до Големата награда на Мајами, ја освои Оскар Пјастри во Мекларен, пред неговиот колега Норис и возачот на Мерцедес, Џорџ Расел.

Следната трка во Формула 1 е во Имола за Големата награда на Емилија-Ромања од 16 до 18 мај.

Тагови
реклама

Ф1

Ваква борба за титулата во Формула 1 немало 15 години

Read more

Пјастри: Односот со Норис никогаш не бил подобар

Read more

Хамилтон: Ова е кошмар, го живеам веќе некое време

Read more

Факти за Големата награда на Бразил, спектаклот е загарантиран

Read more
 

Спорт

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Читај повеќе

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Читај повеќе

Жорди Алба се збогува со фудбалот во финалето на МЛС

Читај повеќе

Фламенгу го слави Фелипе Луис, за 14 месеци освои 5 трофеи

Читај повеќе

Газдата на Брајтон вмешан во обложувачка афера

Читај повеќе