Тимот на Мерцедес денеска го претстави новиот болид W17 за претстојната сезона во Формула 1, беше објавено на официјалната веб-страница на натпреварувањето.
Новиот модел на болид е во сребрена и црна боја и наликува на моделот W16 на Мерцедес од 2025 година. Британецот Џорџ Расел и Италијанецот Кими Антонели ќе возат за тимот на Мерцедес во сезоната 2026.
„Формула 1 ќе претрпи значајни промени оваа година и ние сме подготвени за таа транзиција. Новите прописи бараат иновации и апсолутен фокус во секоја област на перформанси. Нашата работа на новиот болид, како и долгорочниот развој на погонската единица и напредните одржливи горива со Петронас го одразуваат тој пристап. Објавувањето на првите слики од W17 е следниот чекор во тој процес. Тоа претставува колективен, континуиран напор од нашите тимови во Бриксворт и Бракли. Ќе продолжиме да се стремиме во наредните месеци“, рече шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф.
The new era starts here. Introducing our W17 🤍🖤 pic.twitter.com/ld0Zu6vjTv
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) January 22, 2026
Минатата сезона Мерцедес само двапати ја освои пол-позицијата. Џорџ Расел победи во Канада и Сингапур, а Мерцедес заврши втор во шампионатот на конструктори, далеку зад Мекларен.
Новата сезона во Ф1 започнува на 8 март, а автомобилот ќе го има своето деби на Големата награда на Австралија.