Новата сезона во Формула 1 означува радикално враќање кон своите корени, каде што возачката вештина конечно треба да ја засени моќта на автомобилот.
Иако предсезонските тестирања во Бахреин покренаа одредени сомнежи поради разликите меѓу тимовите, вистинската слика ќе биде појасна на поатрактивните патеки како оние во Австралија и Кина.
Претходната ера беше обележана со доминацијата на Ред Бул, која минатата година драматично беше прекината од Ландо Норис, кој ја освои титулата пред Макс Верстапен за само два бода. Иако Норис сега е светски шампион, тој се соочува со огромен притисок да се докаже, особено со соиграчот Оскар Пјастре кој го загрозува со брзина и талент.
FOR THE FIRST TIME IN 2026, IT'S RACE WEEK!! 🤩
— Formula 1 (@F1) March 2, 2026
This weekend, 22 drivers will take to the track in Australia for the first round of the season 🙌#F1 #AusGP pic.twitter.com/ai83EtH7Ko
Фаворитите за новата сезона доаѓаат од четирите водечки тимови, а се проценува дека има дури седум сериозни кандидати за титулата:
Мекларен: Тие влегуваат во сезоната како бранители на шампиони со најсилниот тандем на возачи.
Мерцедес: Изгледаат најподготвени по тестирањето, а Џорџ Расел и младиот Кими Антонели се во преден план.
Ред Бул: Иако веќе го немаат најбрзиот автомобил, Макс Верстапен останува клучна фигура, додека младиот Исак Хаџар ќе биде негова поддршка во гаражата.
Ферари: По две децении постење, италијанскиот тим ги полага своите надежи на Шарл Леклер и легендарниот Луис Хамилтон, кој ја брка својата осма титула.
All the lids 😍🤩 #F1 pic.twitter.com/KXunzcOK9S
— Formula 1 (@F1) March 3, 2026
Средниот дел од табелата го предводат Алпин, кој профитираше од преминот на мотори на Мерцедес, и Хаас, кој се надева на својот прв подиум во историјата. Вилијамс и Рејсинг Булс се кријат во сенка, додека тука се и новите проекти на Ауди и повратникот Кадилак.
Најголемото разочарување од предсезоната е Астон Мартин. И покрај доаѓањето на Адриан Њуи, автомобилот на Фернандо Алонсо се соочува со огромни проблеми со сигурноста и брзината.
Сите дилеми за тоа кој најдобро ги протолкувал новите правила ќе почнат да се решаваат претстојниот викенд на Големата награда на Австралија.