Пјастри: Се подобрив како возач, напреднав во сите области

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 14.08.2025 / 15:14

Оскар Пјастри, возачот на Мекларен и лидер во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1, ги откри најголемите разлики во автомобилот во последните 12 месеци.

Во текот на првите две години во Мекларен, Оскар Пјастри постојано губеше од Ландо Норис, кој имаше неколку години искуство повеќе, но со текот на времето разликата се намалуваше.

По 14 рунди од сезоната во 2025 година, резултатот меѓу Пјастри и Норис кога станува збор за квалификациите е изедначен – 7:7.

Пјастри, има 6  победи, една повеќе од Ландо Норис, и поради тоа Австралијанецот има 9 бодови повеќе од Англичанецот во трката за шампионската титула.

„Се подобрувам во сите области. Минатата година имав неколку викенди кои беа многу добри, а потоа чувствував дека имам доволно моќ да победувам на трки кога сум во најдобра форма. Но, помеѓу нив имаше многу просечни трки, а понекогаш и лоши денови. Оваа година имаше многу повеќе добри денови“, вели Пјастри.

Тој дополнително го објасни своето тврдење.

„Се подобрив како возач, но мислам дека успеав почесто да се приближувам до она што го сметам за мој целосен потенцијал. Тоа беше најголемата работа. Не произлезе од една специфична област, туку од разгледување на многу различни работи. Можноста почесто да го постигнувам она што го сметам за мое најдобро издание, направи разлика“, вели Оскар.

реклама

Кои хороскопски знаци ќе „процветаат“ по 21 април?

Read more

Едно масло и за кожа, и за коса: Подмладува, брише лузни, ја обновува сувата коса

Read more

Како Уран во Близнаци oд 20 до 26 април влијае на секој хороскопски знак? 

Read more

Падна ChatGPT 

Read more

Ф1

Формула 1 среде сезоната ги смени правилата

Read more

Расел: Ќе возам за Мерцедес и во 2027 година

Read more

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Read more

Сезонава Ф1 сепак ќе се вози во Џеда

Read more
 

Спорт

Формула 1 среде сезоната ги смени правилата

Читај повеќе

Американците во проблеми пред Светско: Никој не сака да го гледа американскиот тим

Читај повеќе

Капело: Два големи проблеми треба да реши Англија пред Светско

Читај повеќе
  • play_arrow

Не знаел шпански, камо ли баскиски, ни ChatGPT не го сметал за добар: Кој е Американецот што донесе титула за Сосиедад?

Читај повеќе

Разбиен синџир за проституција во Милано: Фудбалери ги користеле „услугите“

Читај повеќе

Гулит: Италија треба да се врати на катеначото, тики-така не е за секого

Читај повеќе

Тајните на Халанд: Кравјо срце, црн дроб и терапија со црвена светлина

Читај повеќе

Вембанјама испиша НБА историја: Едногласно најдобар!

Читај повеќе

Чистка во Реал Мадрид: Пет врвни играчи си заминуваат

Читај повеќе